Wednesday, December 6, 2017

                                              Лондонското око
Лондонското око (анг. London Eye), познато и како Милениумско тркало, е огромно панорамско тркало на Саут Бенк на Реката Темза во Лондон, Англија. Неговото оригинално официјално име беше Лондонско око на Бритиш ервејз, потоа Лондонско око на Мерлин ентертејнмантс и од 20 јануари 2011 година,[се бара извор] Лондонско око на ЕДФ Енерџи што следи во тригодишниот договор за спонзорирање.
Целосната градба е висока 135 метри, а тркалото има дијаметар од 120 метри. Во моментот, Лондонското око е највисокото тркало во Европа, најпознатата платена туристичка атракција во Обединетото Кралство со над 3,5 милиони посетители годишно  и атракција која придонесе многу за изгледот на градот.
Откако беше изградено во 1999 година, тоа беше највисокото панорамско тркало во светот, сè додека во 2006 година, за прв пат не го надмина Ѕвездата Нанчанг со 160 метри, а потоа во 2008 година, Сингапур Флајер со 165 метри. Потпрено со A-рамкасамо на едната страна, за разлика од повисоките тркала Нанчанг и Сингапур, креаторите, Лондонското око го опишуваат како највисоко [[тркало за набљудување". Тоа нудеше поглед на градот од највисока гледна точка[се бара извор] сè додека не го замени 245 метарската  палуба за набљудување на 72-риот спрат од Шард, која беше отворена за јавноста на 1 февруари 2013 година. Лондонското око се наоѓа во лондонската општина Ламбет, веднаш до западниот крај на Џубили Гарденс(предходно сосед на поранешниот Дом оф Дискавери), во Саут Бенк на реката Темза меѓу мостовите Вестминистер и Хангерфорд.


Дизајн и конструкција

Лондонското око го дизајнираа архитектите Френк Антоли, Ник Бејли, Стив Чилтон, Малколм Кук, Марк Спероухок и сопружничкиот тим Џулија Барфилд и Дејвид Маркс,
Компанијата Маце била одговорна за организирањето на конструкцијата заедно со Холандија како главно градежно претпријатие за изработка на предмети од челик и Тилбари Даглас како граѓанско градежно претпријатие. Инженерите со кои се консултираа Тони Џи и Партнерс ги создаваа механизмите на фондацијата додека Бакет Ранкин ги создаваше морските механизми.
Натаниел Личфилд и Парнерс и помагаа на групацијата Тусодс да добие дозвола за планирање и градење под заштита за да ги промени ѕидовите на Саут Бенк на Темза. Тие ја проучија и резултатот го објавија во Член 106 од договорот приложен со оригиналниот договор.[се бара извор]Подоцна, тие подготвија и апликации за дозвола за планирање и градење под заштита за трајно чување на атракцијата, што ја вклучи координацијата на Изјавата на околината и изготвувањето на изјава за планирање и поддршка која ги изнесува во детали причините за нејзиното чување
Тркалото се конструираше на делови што пловеа со шлепери во Темза и се монтираа испружени право на потпорни платформи во реката. Откако тркалото беше готово, го кренаа во исправена положба со помош на дигалка што ја направи Енерпак. Прво, го подигнаа за 2 степени на час сè додека не достигна 65 степени, па потоа го оставија во таа положба една недела додека инженерите да се подготват за втората фаза на кревање. Проектот беше европски со главни составни делови што потекнуваат од шест држави: челикот обезбеден од Обединетото Кралство, а произведен во Холандија од страна на холандската компанија Холандија, жиците од Италија, лежиштата од Германија (групацијата ФАГ/Шефлер), вретеното и оската на тркалото беа изработени во Чешка, капсулите во Пома во Франција (а стаклото за нив пристигна од Италија), а електричните составни делови од Обединетото Кралство.Работ на Лондонското око го поткрепуваат затегнати челични жици и тој личи на спица од тркало на велосипед. Во декември 2006 година Колор Кинетикс го обнови осветлувањето со ЛЕД (диода која имитира светлина) за да овозможи дигитална контрола на светлата наспроти рачната замена на геловите околу флуоресцентните цевки.
32-те затворени и климатизирани јајчести капсули за туристите, конструирани и донесени  од Пома, се прицврстени на внатрешниот обем на тркалото и се вртат со помош на електрични мотори. На секоја од  капсулите е претставена една од лондонските општини, и секоја капсула може да носи до 25 луѓе, кои слободно може да се движат низ неа, дури обезбедено е и седиште. Тркалото се врти за 26 cm (10 in) во секунда (околу 0.9 km/h или 0.6 mph) па така едно завртување трае 30 минути. Обично не застанува за да собира туристи; брзината на вртење е доволно мала, па им дозволува на туристите да влезат и да излезат од капсулите кои се движат кога се ниско на земјата. Сепак, застанува за да им дозволи на постарите туристи безбедно да се качат или симнат.
                                        Кралското семејство

Британското кралско семејство е група луѓе во блиско сродство со британскиот монарх. Иако не постои строга правна дефиниција за тоа кој може да биде член на ова семејство и разни списоци вклучуваат разни луѓе, оние што се ословуваат како Негово или Нејзино Височество (НВ) или Негово или Нејзино Кралско Височество (НКВ.) се сметаат за членови. Во овие спаѓаат:
  • Британскиот Суверен (крал или кралица)
  • придружбата на Суверениот (негов или нејзин сопружник)
  • вдовци на претходни Суверени
  • децата на Суверениот
  • внуците на Суверениот (принцови и принцези) по машка линија
  • сопружници и вдовци на децата на Суверениот, како и внуци по машка линија
  • пред 1917 год, правнуците по машка линија.
Многу милиони луѓе се на некој начин во подалечно сродство со британското кралско семејтсво по пат на кралско потекло.
Моменталните членови на британското кралско семејство ѝ припаѓаат на династијата Виндзор.

Список на членови

Ова е список на моменталните членови на британското кралско семејство, преземено од офијалната страница на 
  • Кралицата на Обединетото Кралство
  • Војводата од Единбург (сопругот на Кралицата)
  • Принцот од Велс и Камила, Војвотката од Корнвол (најстариот син на Кралицата и неговата сопруга)
    • Вилијам, Војводата од Кембриџ (постариот син на Принцот од Велс) и сопругата Кетрин, Војвотката од Кембриџ со синот Џорџ, Принцот од Кембриџ (р. 2013).
    • Принц Хари од Велс (помладиот син на Принцот од Велс)
  • Војводата од Јорк (вториот син на Кралицата)
    • Принцеза Беатриса од Јорк (постарата ќерка на Војводата на Јорк)
    • Принцеза Евгенија од Јорк (помладата ќерка на Војводата од Јорк)
  • Грофот и грофицата од Весекс (најмладиот син на Кралицата и неговата сопруга)
    • Леди Лујза Виндзор (ќерката на Грофот од Весекс)
  • Кралската Принцеза (ќерката на Кралицата)
  • Војводата и Војвотката од Глостер (братучед на Кралицата и неговата сопруга)
  • Војводата и Војвотката од Кент (братучед на кралицата и неговата сопруга)
  • Принцот Михаил и Принцезата Михаела од Кент (братучед на Кралицата и неговата сопруга)
  • Принцезата Александра, Чесната Леди Огајлви (братучетка на Кралицата)

Проширен список на членови

Следниве се роднини на британското кралско семејство:
  • Контра Адмирал Тимоти Лоренс (сопругот на Кралската Принцеза)
  • Питер Филипс и Зара Филипс (синот и ќерката на Кралската Принцеза)
  • Виконтот Линли (синот на починатата Принцеза Маргарет), неговата сопруга и нивните деца
  • Леди Сара Шато (ќерката на починатата Принцеза Маргарет), нејзиниот сопруг и децата
  • Грофот и Грофицата од Алстер (синот на Војводата од Глостер и неговата сопруга)
  • Леди Давина Луис и г-дин Гери Луис (ќерката на Војводата од Глостер и нејзиниот сопруг)
  • Леди Роуз Виндзор (ќерката на Војводата од Глостер)
  • Грофот и Грофицата на Св. Ендрјус (синот на Војводата од Кент и неговата сопруга) и нивните деца
  • Леди Хелен Тејлор (ќерката на Војводата од Кент), нејзиниот сопруг и нивните деца
  • Лорд Николас Виндзор (помладиот син на Војводата од Кент)
  • Лорд Фредерик Виндзор и Леди Габриела Виндзор (синот и ќерката на Принцот Мајкл од Кент)
  • Г-динот и г-ѓата Џејмс Огајлви (синот на Принцезата Александра и неговата сопруга) и нивните деца (Александар Чарлс и Флора Александра)
  • Г-ѓица Марина Огајлви (ќерка на Принцезата Александра) и нејзините деца (Кристијан Мват и Зенушка Моват од нејзиниот поранешен сопруг)
  • Грофот од Хервуд (внук на Кралот Џорџ V преку неговата ќерка Мери, Кралската Принцеза), неговата втора жена и нивните деца
  • Почитуваната г-ѓа Џералд Ласкелес (вдовица на Почитуваниот Џералд Ласкелес, внук на Џорџ V по мајчина линија), и нивните деца
  • Војводата од Фајф (правнук на Едвард VII) по мајчина страна и неговите деца
  • Војводата од Графтон, и неговот семејство
  • Леди Салтон (вдовица на Александар Рeмзи од Мар, внук на Принц Артур, Војвода од Конот и Стратерн по мајчина страна, третиот син на
    Кралицата Викторија), и неговите деца
  • Грофицата Монтбатен од Бурма (постара ќерка на Луј Монтбатен, 1-в Гроф Монтбатен од Бурма и прв братучед на Војводата од Единбург) и нејзиното семејство
Овие луѓе не се финансираат од Личното ќесе. Меѓутоа Кралицата секогаш ги кани на приватни семејни собирања и како дел од кралски свечености, како Дефиле на знамињата, Златниот јубилеј и церемонијални или државни закопи.
Следниве тројца се поранешни сопружници на членови на кралското семејство:
  • Сара, Војвотка од Јорк (поранешна сопруга на Војводата од Јорк),
  • Капетан Марк Филипс (првиот сопруг на Кралската Принцеза) и
  • Грофот од Сноудон (поранешниот сопруг на починатата Принцеза Маргарет).
Следниве се неодамна починати членови на кралското семејство:
  • Принцеза Алиса, Војвотка од Глостер
  • Принцеза Маргарет, Грофица на Сноудаун
  • Дијана, Принцеза од Велс
  • Кралицата Елизабета - Кралицата Мајка