Лондонското око (анг. London Eye), познато и како Милениумско тркало, е огромно панорамско тркало на Саут Бенк на Реката Темза во Лондон, Англија. Неговото оригинално официјално име беше Лондонско око на Бритиш ервејз, потоа Лондонско око на Мерлин ентертејнмантс и од 20 јануари 2011 година,[се бара извор] Лондонско око на ЕДФ Енерџи што следи во тригодишниот договор за спонзорирање.
Целосната градба е висока 135 метри, а тркалото има дијаметар од 120 метри. Во моментот, Лондонското око е највисокото тркало во Европа, најпознатата платена туристичка атракција во Обединетото Кралство со над 3,5 милиони посетители годишно и атракција која придонесе многу за изгледот на градот.
Откако беше изградено во 1999 година, тоа беше највисокото панорамско тркало во светот, сè додека во 2006 година, за прв пат не го надмина Ѕвездата Нанчанг со 160 метри, а потоа во 2008 година, Сингапур Флајер со 165 метри. Потпрено со A-рамкасамо на едната страна, за разлика од повисоките тркала Нанчанг и Сингапур, креаторите, Лондонското око го опишуваат како највисоко [[тркало за набљудување". Тоа нудеше поглед на градот од највисока гледна точка[се бара извор] сè додека не го замени 245 метарската палуба за набљудување на 72-риот спрат од Шард, која беше отворена за јавноста на 1 февруари 2013 година. Лондонското око се наоѓа во лондонската општина Ламбет, веднаш до западниот крај на Џубили Гарденс(предходно сосед на поранешниот Дом оф Дискавери), во Саут Бенк на реката Темза меѓу мостовите Вестминистер и Хангерфорд.
Дизајн и конструкција
Лондонското око го дизајнираа архитектите Френк Антоли, Ник Бејли, Стив Чилтон, Малколм Кук, Марк Спероухок и сопружничкиот тим Џулија Барфилд и Дејвид Маркс,
Компанијата Маце била одговорна за организирањето на конструкцијата заедно со Холандија како главно градежно претпријатие за изработка на предмети од челик и Тилбари Даглас како граѓанско градежно претпријатие. Инженерите со кои се консултираа Тони Џи и Партнерс ги создаваа механизмите на фондацијата додека Бакет Ранкин ги создаваше морските механизми.
Натаниел Личфилд и Парнерс и помагаа на групацијата Тусодс да добие дозвола за планирање и градење под заштита за да ги промени ѕидовите на Саут Бенк на Темза. Тие ја проучија и резултатот го објавија во Член 106 од договорот приложен со оригиналниот договор.[се бара извор]Подоцна, тие подготвија и апликации за дозвола за планирање и градење под заштита за трајно чување на атракцијата, што ја вклучи координацијата на Изјавата на околината и изготвувањето на изјава за планирање и поддршка која ги изнесува во детали причините за нејзиното чување
Тркалото се конструираше на делови што пловеа со шлепери во Темза и се монтираа испружени право на потпорни платформи во реката. Откако тркалото беше готово, го кренаа во исправена положба со помош на дигалка што ја направи Енерпак. Прво, го подигнаа за 2 степени на час сè додека не достигна 65 степени, па потоа го оставија во таа положба една недела додека инженерите да се подготват за втората фаза на кревање. Проектот беше европски со главни составни делови што потекнуваат од шест држави: челикот обезбеден од Обединетото Кралство, а произведен во Холандија од страна на холандската компанија Холандија, жиците од Италија, лежиштата од Германија (групацијата ФАГ/Шефлер), вретеното и оската на тркалото беа изработени во Чешка, капсулите во Пома во Франција (а стаклото за нив пристигна од Италија), а електричните составни делови од Обединетото Кралство.Работ на Лондонското око го поткрепуваат затегнати челични жици и тој личи на спица од тркало на велосипед. Во декември 2006 година Колор Кинетикс го обнови осветлувањето со ЛЕД (диода која имитира светлина) за да овозможи дигитална контрола на светлата наспроти рачната замена на геловите околу флуоресцентните цевки.
32-те затворени и климатизирани јајчести капсули за туристите, конструирани и донесени од Пома, се прицврстени на внатрешниот обем на тркалото и се вртат со помош на електрични мотори. На секоја од капсулите е претставена една од лондонските општини, и секоја капсула може да носи до 25 луѓе, кои слободно може да се движат низ неа, дури обезбедено е и седиште. Тркалото се врти за 26 cm (10 in) во секунда (околу 0.9 km/h или 0.6 mph) па така едно завртување трае 30 минути. Обично не застанува за да собира туристи; брзината на вртење е доволно мала, па им дозволува на туристите да влезат и да излезат од капсулите кои се движат кога се ниско на земјата. Сепак, застанува за да им дозволи на постарите туристи безбедно да се качат или симнат.